На 67 годишна возраст ненадејно почина Аки Рахимовски, а тажната вест ја потврди и неговиот менаџер Дамир Осредечки
-Утрово му се слоши, заврши во болницата во Ново Место, пред еден час ми рекоа дека починал, причината за смртта се уште не ја знаеме, рече тој, а пренесе Вечерњи лист.
Аки Рахимовски е еден од најпознатите легендарни пејачи од екс ЈУ просторите. Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.
Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.