Легендарната радио и тв спикерка и водителка, доајенот на македонското спикерство, Бранка Станковска, почина денес на 90-годишна возраст. Таа важеше за една од најпознатите и најквалитетни спикери и водители на малиот екран.
Бранка Станковска е родена во Скопје на 30 април во 1932 година, таа својот работен стаж од полни 39 години го поминала во Македонскта телевизија каде работела од 1948-1987-та година.
Почетокот на програмата на „ТВ Скопје“ е всушност нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 година, а на 14 декември истата година Станковска со својот глас го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија читајќи ги вестите на првиот телевизиски „Весник“.
По своето пензионирање таа се уште работеше активно обучувајќи ги помладите генерации и давајќи го својот препознатлив глас во разни тв и радио емисии.
И ден денес на радио програмите може да се слушне нејзиниот глас – ТОЧНО Е 12.00 часот.
Нејзината внука Ирина Костовска на својот ФБ профил ја потврди нејзината смрт, посветувајќи и неколку збора на нејзината и наша легендарна Бранка Станковска.