Почина Исуф Кадриу, нашиот колега, заменик-главен уредник на телевизијата АЛСАТ. Исуф Кадриу почина на 52-годишна возраст по срцев удар во туристичкиот град Шенѓин, Албанија, каде што беше на одмор со семејството.

Оженет е и татко на три деца. Средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека студирал новинарство на Универзитетот во Тирана, како еден од првите новинари што дипломирал во Македонија. Од 2008 година е заменик главен и одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ.