Американскиот актер Хал Холбрук, познат по портретирањето на американскиот книжевник Марк Твен и уште многу успешни улоги, почина на 95 години, објави „Њујорк Тајмс“.

Холбрук почина на 23 јануари во неговиот дом во Беверли Хилс, а веста за неговата смрт денови подоцна ја потврди неговата асистентка Џојс Коен.

Во 2008 година, на свои 82 години, Холбрук стана најстариот актер што некогаш бил номиниран за Оскар за споредна улога во филмот „Into the Wild“.

Instagram
Instagram

Но, неговата најславна улога останува отелотворувањето на американскиот романсиер, хуморист и социјален критичар во „Mark Twain Tonight“. Улогата на Твен актерот ја замислил уште во средината на 1950-тите години на минатиот век.

Instagram
Instagram

Сметајќи дека на сцената повеќе се учи за личноста на Твен отколку во неговите литературни дела, Холбрук направи серија настапи низ Америка и странство, облечен и маскиран во Марк Твен, компонирајќи извадоци од неговите дела.

Instagram
Instagram

Тој ја играше улогата на Твен по театрите ширум светот цели шест децении, а прв пат ја изведе на „Broadway“ во 1959 година.