Гитаристот и вокал на легендарната рок група „Бис Без“, Станислав Длака, синоќа ненадејно почина на 81-годишна возраст, објавија членови од семејството.
Легендарниот музичар и основоположник на македонскиот рокенрол ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.
Станислав Длака својот работен век го помина во МРТВ, а по професија беше директор на фотографија.
Тој заедно со Ламбе Смилевски (бас гитара), Константин Икономов-Коце, Димитар Чемков-Циме, Димитар Попанков и вокалот Стевче Јаневски-Чивчи во 1966 година ја оформи легендарната група „Биз Без“. Во бендот подоцна се приклучија и други членови.
Длака својата кариера ја започна во „АБЦД“, а беше член и на групата „Безимени“.
„Дал да плачам ил да пејам“, „Добро утро, ученичке“, „Било и поминало“ се хитовите кои и денес се слушаат.
Бендот официјално прекина да свири во 1973-та година, но потоа повторно се обедини и активно се занимаваше со музика од 2002 до 2008 година.
Многу музичари и фанови изразија жалење на социјалните мрежи…