Дорис Хобдеј почина на 96 години откако ја изгуби битката со коронавирусот, пренесува „Би-Би-Си“. Госпоѓа Хобдеј и нејзината идентична сестра близначка Лилијан Кокс познати како „Близначките Типтон“, беа примени во болница откако беа позитивни на ковид-19 на почетокот на овој месец.

Нејзиното семејство изјави дека госпоѓа Хобдеј починала на 5 јануари, додавајќи дека се „целосно скршени од болка“, губејќи ја Дорис на овој начин.

Нејзината сестра, Кокс оттогаш е отпуштена од болницата и продолжува да се опоравува, соопшти семејството.

Двете сестри биле меѓу најстарите живи идентични близнаци во Велика Британија.

Profimedia
Profimedia

Ние сме толку благодарни за сите убави спомени што ги создадовме и за жал, моравме да го споделиме и ова со вас“, рече семејството во соопштението.

Сестрите близначки, од Типтон станаа популарни на Интернет со нивниот позитивен став за животот и неверојатна смисла за хумор. Тие се пријавија на „BBC Breakfast“, „Good Morning Britain“ и „This Morning“, шармирајќи ги водителите и целата јавност со своите шеги и нивната љубов кон актерот Џејсон Статам.

Лилијам и Дорис изјавија дека целиот живот го поминале заедно. Откако се венчале, пак живееле на иста улица, работеле во иста фабрика во Бирмингем, а до неодамна живееја една покрај друга во дом за стари лица во Типтон.

Profimedia
Profimedia

Тие имаа интервју за „Би-Би-Си“ на нивниот 95-ти роденден, а тогаш Лилијан откри дека тајната на нејзината сестра за долг живот е „немање секс и многу Гинис пива“, а нејзината тајна била само „лимонада“.

Дорис ќе почива до нејзиниот сопруг кој го изгуби пред 11 години по 65 години среќен брак“, соопшти нејзиното семејство.

Семејството вели дека на г-ѓа Кокс ѝ било соопштено за смртта на нејзината сестра дури во понедленикот оваа недела, затоа што морале да почекаат да биде „доволно силна“ да ги слушне тажните вести.

Сега таа е со семејството и останува со нејзината ќерка Вивиен, додека целосно да и се врати силата… И двете беа решени да живеат до 100 години и тоа им беше мотивација… Но ковид-19 ни ја зеде Дорис“, рече нивното семејство.