Девојче на седумгодишна возраст починало вчера во болницата во Тетово.
Од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за обдукција.
„Јавен обвинител од ОЈО Тетово веднаш по настанот беше известен дека има инцидент со оштетување на имот на болницата. Откако ја утврди причината за инцидентот, обвинителот веднаш уште вчера издаде усна, во утрово и писмена наредба за обдукција на телото на починатото девојче“, соопштија од Јавното обвинителство.
Неколку медиуми известија дека станува збор за седумгодишно девојче од тетовското село Челопек кое било примено на Одделението за педијатрија во саботата, 20 септември нешто пред 21 часот, а починало вчера.