Почина деветмесечното бебе кое на 24-ти февруари беше хоспитализирано на Детската клиника во Скопје во тешка здравствена состојба, објави Фокус.

Бебето беше сомнително на туберкулоза и неухрането, односно тежело само 3 килограми, што е несоодветно за возраста.

Надлежните служби се уште проверуваат дали бебето било запоставувано. Станува збор за предвремено родено бебе.