Австралиската актерка и поп пејачка Триша Нобл почина на 76-годишна возраст, пренесува „Дејли Мејл“.

Триша, која имаше неколку хитови во 60-тите години на минатиот век и исто така се појави во два „Star Wars“ филмови, почина на 23 јануари, по 18 месечна битка со мезотелиом, тумор предизвикан од вдишани азбести влакна.

Instagram
Instagram

За време на нејзината кариера, најзабележителна улога на Триша беше улогата на Џобал Наберо во „Star Wars: Episode II – Attack of the Clones“ (2002) и „Episode III – Revenge of the Sith“ (2005).

Триша беше родена и израсната во Мариквил, Синдеј. Својата кариера ја започна во австралиското тв шоу „Bandstand“. А едни од нејзините најпознати песни се „Busy Lips“ и „Good Looking Boy“ .

Instagram
Instagram

Во 1961 година, таа ја освои наградата „Logie“ (австралискиот еквивалент на „Emmy Awards“) за најдобра пејачка на годината, потоа се пресели во Велика Британија и потпиша двегодишен договор со „Colombia Records“.

Нејзината актерска кариера започна во Велика Британија и имаше незаборавни улоги во „Carry On Camping“, „Danger Man“ и „Death of a Woman“.

Триша Нобл почина само неколку дена пред нејзиниот 77 роденден