Ергин Исени, 24 години од Арачиново, не ги преживеа сериозните повреди што ги доби пред неколку недели, поточно на 13 мај, во вооружениот инцидент во населбата Бутел во Скопје, во кој беше убиен Камер Идризи, 43 годишен од Скопје, пишува весник КОХА.
Ергин почина на КАРИЛ, Скопје. Неговата здравствена состојба не беше подобрена и покрај изведените хируршки интервенции.
Во меѓувреме, нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи за можни траги за тоа кој би можел да бидат извршител на убиството во Бутел. Според информациите од МВР тој ден биле испукани над 90 куршуми во правец на возилото во кое се наоѓале Камер Идризи и Ергин Исени.