Порталот „Сакам да кажам“ објави дека во Ковид центарот во Битола, починала 19-годишна пациентка, која не била тестирана, а се водела како суспектна на Ковид 19.
-Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати, вели директорката на Битолската болница Билјана Гагачовска за „СДК“.
Како што пишува порталот, постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од ковид-19. Девојката беше со Даунов синдром.