Формула 1 може да ја одложи првата трка од сезоната 2021 година во Австралија, објави „Аутоспорт“. Причина за одлагањето може да бидат ограничувањата што важат во земјата поради пандемијата на коронавирус.
Подготовките за трката мора да започнат во јануари, што е тешко поради ограничувањата. Забележано е дека официјалното соопштение за одложување на трката во Австралија би можело да биде објавено пред крајот на овој месец.
Големата награда на Австралија треба да се одржи од 19 до 21 март. Во 2020 година, трката во Австралија не се одржа поради пандемијата.
Доколку трката биде откажана, првата фаза од сезоната Формула 1 во 2021 година може да биде Големата награда на Бахреин, што треба да се одржи од 26 до 28 март. (МИА)