Британската тенисерка Ема Радукану, ноќеска  во второто коло на турнирот во Индијан Велс загуби од 100. светски рекет, Белорусинката Александра Саснович со резултат 0-2, по сетови 2:6 и 4:6.

Мечот траеше 1 час и 26 минути. Победничката на УС Опен 2021 направи два аса четири двојни грешки, а исто така претвори две од пет брејк топки.

-Разбрав дека треба да излезам и да ја покажам мојата игра, да играм 100%. Знаев дека Ема го освои УС Опен, а јас таму загубив во првото коло. Мала разлика, нели? Па јас само се обидов, истакна Саснович.

Таа во третото коло ќе се сретне со Романката Симона Халеп.