Шпанската Барселона без проблем славеше на домашен терен против Партизан со 79-68 во натпревар од деветтото коло во годинашната сезона во кошаркарската Евролига. По израмнетата прва четвртина, Каталонците клучната разлика ја направија во вториот период во кој на противникот му дозволија само единаесет поени. Лапровитола со 13 и Саторански со 11 поени ја предводеа Барса, додека кај Партизан недоволен беше 21 поен на Анџушиќ.
Турскиот Фенербахче продолжува со победи, откако синоќа го победи и Монако со 96-93. Победа и за Макаби, кој славеше со 90-84 против Олимпијакос. Кошаркарите на Црвена Звезда во трилер натпревар славеа на гостувањето кај Алба Берлин со 84-88. Откако по четириесет минути игра резултатот беше нерешен (75-75). Гостите од Белград подобро се снајдоа во дополнителните пет минути и стигнаа до конечен триумф од 84-88.
ЕВРОЛИГА РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО:
Барселона – Партизан 79-68
Алба Берлин – Црвена Звезда 84-88
Монако – Фенербахче 93-96
Макаби – Олимпијакос 90-84
Милано – Анадолу Ефес 51-80
Валенсија – Реал Мадрид 73-80