Серијата силни земјотреси кои се случија вчеравечер со епицентар во мавровското подрачје, предизвикаа заматување на водата во водоводната мрежа, информираа од Јавното комунално претпријатие „Маврово“.
Од таму излегоа со препорака водатат да не се пие. „Поради силните земјотреси во мавровскиот регион кои предизвикаа заматување на водата, препорачуваме водата да не се користи за пиење.“, соопшти ЈПКД „Маврово“.
Заматување на водата во мавровско имаше и по ноемврискиот силен земјотрес со епицентар во Леуново.