Се чини дека работата на Сорбанието ќе биде одблокирана. Имено, откако ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ги повлекува поднесените амандмани за Законот за државјанство и побара, сега тоа да го стори коалицијата Алијанса/Алтернатива, тие го најавија истото. Ќе ги повлечат амандманите од собраниските комисии, па петтиот пакет мерки за помош на компаниите и граѓаните ќе биде одблокиран и конечно ќе помине во собраниска процедура.
Ова доаѓа откао вчера Заев имаше средаба со Села и Гаши на која беше постигнат напредок во заеднички јазик за предлог законот за државјанство. До крајот неделава треба да биде изготвен предлог текстот кој би требало да биде поддржан од сите партии.