Откако молскавично се рашири веста дека српскиот пејач Аца Лукас бил итно хоспитализиран пред два дена поради болки во стомакот, се огласи и самиот демантирајќи ги сите написи.
Во изјава за „Курир.рс“ пејачот рекол дека немал никакви болки и дека не бил во болница.
„Хаха, вестите се точни колку и дека умрев пред два дена. Поминаа 7 дена, си давам помен“, се пошегувал пејачот додавајќи дека последен пат бил во болница кога ја примил втората доза од вакцината пред 15 дена.