Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без против и без воздржани, по скратена постапка ги поддржаа законските измени кои се однесуваат на забрана на пиротехниката во затворен простор.

Ваквиот предлог ќе биде проследен на разгледување во собраниската Комисија за одбрана и безбедност и во Законодавно-правната комисија.

Пратеникот Тони Јаревски образложи дека измените се со цел да нема импровизации кои во иднина би резултирале со вакви хаварии и несреќи.

Истовремено се менува и регулаативата. Глобите за оние кои ќе го прекршат законот ќе биде двојно повисока, а ако се повтори, ќе бидат притворени. Иполицијата ќе има зголемени надлежности во ваквите случаи.

Пратениците кои се собраа првпат по трагедијата во Кочани, Седницата ја почнаа со едноминутен молк.