????????????????????????????????????

Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина, дознава МКД.мк. Се работи за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.

На прашањето на МКД.мк дали е точна информацијата дека Македонија, по тенковите, ѝ ги донирала и воените авиони „сухои“ на Украина, од Министерството за одбрана одговориле.

„Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија“.