Откако беа испратени тенкови и друга воена опрема и оружје, Украина од Северна Македонија доби и трансформатори. Со ова нашата држава стана првата земја која на Украина и донирала опрема за итно оспособување со електрична енергија.

Донирани се шест електроенергетски трансформатори дадени во натура од операторот на дистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ, компанија ќерка на ЕВН Северна Македонија. Испораката на пратката беше координирана од Работната група за поддршка на Украина на Секретаријатот.