Потребна е реорганизација на сите министерства, агенции, инспекциски служби, односно институции кои се под Владата. Ова е наведено во извештај на Министерството за информатичко општество и администрација. Од Министерството велат дека сите извештаи што ги направиле лани и годинава ќе им ги прикажат на Советот за реформи на јавната администрација идниот вторник. Советот пак, на Владата ќе треба да ѝ ја предложи финалната верзија за реорганизација на инститициите.

Advertisements

Од МИОА, за Алсат потврдуваат дека со самата реорганизација ќе се крати и на јавната администрација, но не даваат повеќе детали за колку административци станува збор.

„Во опфат на процесот на реорганизација и оптимизација се 139 институции, а по завршување на овој проект се очекува овој број значително да се намали. Самиот процес на реорганизација сам по себе ќе значи и рационализација на вработените“, наведуваат од МИОА.

Проектот за реорганизација на институциите почна додека министер беше Дамјан Манчевски. Но, тој си замина во приватниот сектор, а проектот го наследи актуелниот министер Јетон Шаќири. Манчевски претходно најавуваше системска реформа на администрацијата, како укинување на институции кои се вишок и спојување на некои државни органи.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе