Декември е месец на прослави во семејството Даглас…

Не само што синот на Мајкл Даглас, Камерон Даглас слави роденден во декември, туку и неговата ќерка Луа Изи, а сега пристигна и најмладиот член на семејството, Рајдер Даглас.

Најстариот син на Мајкл го доби второто дете со партнерката Вивиен. Не е тајна дека токму Вивиен успеа да го скроти Камерон Даглас по многуте години турбулентен живот.

Profimedia
Profimedia

Тој помина осум години во затвор поради дрога, а дури две ги поминал во самица.

Profimedia
Profimedia

За својот живот тој пишуваше во книгата под називот „Долгиот пат до домот“.

Мајкл Даглас има три деца, а поради доаѓањето на внукот Рајдер на свет тој е пресреќен, па така објави фотографија од семејството и напиша дека е „горд дедо“.

Instagram
Instagram

Да се потсетиме, во февруари оваа година светот го напушти таткото на Мајкл, легендарниот Кирк Даглас.