По осумнаесет години македонска делегација на 2 август ќе присуствува на одбележувањето на Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.
Државно-црковната делегација ќе ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски.
осега Српската православна црква не дозволуваше официјална државна делегација на Македонија да го посети манастирот „Прохор Пчињски“ по повод Илинден. А српските власти беа на став дека тие не можат да влијаат, ниту да се мешаат во одлуката на СПЦ во чија надлежност е манастирот. Но годинава СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-Охридска архепископија, по што се подобрија црковните односи.
Во разговорот со г.г. Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на патријархот за одлуката да биде овозможена посетата на манастирот која следува со прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на СПЦ. Во состав на делегацијата што ќе ја предводи претседателот Пендаровски ќе бидат членови на Собранието и на Владата на Република Северна Македонија и претставници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски предводејќи висока владина делегација со државни почести и чествувања ќе го одбележи големиот национален празник во Крушево.
Владината делегација ќе оддаде почит на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива. Церемонијата ќе продолжи со панихида за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“ и со положување цвеќе на споменикот на Мечкин камен каде ќе се одржи централната манифестацијата на која све