Еден месец откако Ким Кардашијан поднесе документи за развод од раперот Канје Вест, се огласи и нејзината мајка Крис Џенер.
„Мислам дека секогаш ќе биде тешко, особено поради тоа што имаат многу деца“, изјави 65-годишната Крис Џенер, која и самата зад себе има два брака, со починатиот Роберт Кардашијан и Кејтлин Џенер, некогаш позната како Брус Џенер.
„Добра работа во нашето семејство е тоа што сме секогаш тука едни за други, ние сме си најголема поддршка и се сакаме многу силно, па токму затоа за нив единственото нешто што го посакувам е да бидат среќни. Многу посакувам нивните деца да бидат среќни. Тоа е единствената цел“, нагласи Крис.
Освен неа, се огласи и нејзиниот поранешен сопруг и очув на Ким Кардашијан, кој во меѓувреме го промени полот и стана Кејтлин Џенер.
„Ја сакам Кимберли и искрено го сакам и Канје. Отсекогаш имав добар однос со нив. Им го посакувам најдоброто од своето срце. Тоа е се што можам да кажам, бидејќи тоа е нивна приказна, а не моја“, заклучи таа.