Методија Димовски е новиот генерален секретар на Владата. Тој беше избран на денешната владина седница.
Димовски инаку беше член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштита на здравје на луѓето.
Тој доаѓа на местото на Мухамед Зекири кој си даде оставка откако за него е покренато обвинение за злоупотреба на службена положба, а од петокот се наоѓа во притвор.