Една доза на вакцината „Фајзер“ против ковид-19 можеби нема да создаде доволен имунолошки одговор за заштита од доминантните нови соеви, освен кај оние кои претходно биле заразени со коронавирусот, покажало британското истражување објавено минатиот петок.
Научниците од Кралскиот колеџ ги проучувале имунитетните одговори на здравствените работници во Велика Британија по приемот на првата доза на вакцината „Фајзер“. Откриле дека оние кои претходно имале лесна или асимптоматска инфекција од ковид-19 имале посилна заштита од заразните мутирани соеви кои првпат се појавиле во Велика Британија и Јужна Африка.
Студија на „Империјал колеџ“, со која се истражувала имунолошката реакција на здравствените работници во Велика Британија по нивната прва доза вакцина „Фајзер“, открила дека оние кои претходно имале лесна или асимптоматска зараза ја зајакнале заштитата од мутираните варијанти на вирусот што се појавија во Велика Британија и Јужна Африка.
Истражувачите кои ја водеа студијата истакнаа дека „имунолошкиот одговор по првата доза на вакцината бил послаб кај луѓето кои претходно не биле заразени, што потенцијално може да ги доведе во опасноста од новите варијанти“.
– Истражувањата покажуваат колку е важна втората доза на вакцина. Луѓето кои ја примиле првата доза на вакцината и кои претходно не биле заразени со SARS-CoV-2 не се целосно заштитени од новите, загрижувачките соеви – изјави имунологот Розмари Бојтон.
Експертите анализирале примероци од крвта на присутноста и нивото на имуноста против изворниот сој, како и т.н. британски варијанти, познати како B.1.1.7 и јужноафриканскиот сој B.1.351.
Откриле дека по првата доза од вакцината на „Фајзер“, засилениот имунолошки одговор во форма на Т-клетки, Б-клетки и неутрализирачки антитела во голема мера е поврзан со претходната инфекција.
Кај луѓето кои немале ковид-19, една доза на вакцината, сепак, создала неутрализирачки антитела против оригиналниот вирус и неговите мутирани варијанти, но во пониски нивоа.
Дени Алтман, професор по имунологија на „Империјал колеџ“, рекол дека тоа значи дека за вакцинираните со „Фајзер“ постои период на ранливост помеѓу првата и втората доза на вакцината.