Откако дел од родителите, професорите и наставниците се противат на дигитализацијата на учебниците, Министерството за образование испрати допис до советите на родителите на училиштата за дилемите кои ги имаат родителите за дигитализацијата на учебниците. Во дописот меѓу друго се доообјасуваат неколку работи:
„Учениците освен таблет уредите ќе имаат и книги, ИТ технологијата ќе биде само дополнително помагало во ситуации кога наставните теми тоа го наложуваат, учениците ќе продолжат да користат печатени материјали на часовите, дигитализација и пристап до дигитални учебници не се потребни дополнителни софтверски лиценци, тие ќе бидат бесплатни за сите, За користење на електронски учебници не е потребен интернет. Учебникот се симнува на уредот само еднаш и останува додека корисникот не го отстрани“.
Неформалната групата на родители „Настава и учебници мора да има“ настојуваат законот да биде сменет и на истиот да имаат ревизија и самите родители. Драгана Спасевска родител на три деца вели дека дигитализацијата ќе влијае негативно врз менталното и физичкото здравје на учениците.
„Ние бараме да се стопира овој предлог закон да ни се даде нам, како и на стручни лица да помагаме во носењето на одлуки и да предлагаме. И пред се да истажуваме што им е потребно на нашите деца“, вели Драгана Спасевска, родител.
По празниците се најавуваат протести и бојкот на наставата во училиштата доколку не се прифатат нивните барања. Вчера имаше бојот во неколку училишта во државата.
„Многу големи закани и притисоци децата и родителите преживееа. Многу закани од страна на нејзините партиски ботови од партијата на власт“, додаде Спасевска.
Од друга страна МОН не отстапува од дигитализацијата во образованието. Пред неколку дена МОН го повлече предлог законот, но за да се направат одредени корекции и доработка на предлогот и истиот ќе се гласа во брза постапка. МОН порача родителите да не потпаѓаат на полтиички влијанија и пропаганда. Според нив реформите во образованието се потребни и тоа се прави за доброто на децата.