Поранешниот претседаел на Македонија, Ѓорге Иванов се огласи преку социјалните мрежи по повод големиот државен празник Илинден. Тој цитирајќи го Гане Тодоровски испрати честитка со граѓаните.

-Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има? Гане Тодоровски.

Историјата ќе суди за тие што го следеле патот, го исполнувале заветот и не се откажувале од светлината на Илинден, светлина која многумина се обидувале да ја попречат за да не стигне до идните поколенија.

За многу години Илинден!

Нека ни е вековита слободата, независноста и сувереноста!

Да живее Република Македонија!, напиша Иванов.