Три дена по доаѓањето на португалското лево крило Рибеиро, Металург се засили и на позицијата лев бек. Нов ракометар на Металург е Французинот Абдула Мане, кој потпиша двегодишен договор.

Мане (190 см, 85 кг) е млад 25-годишен ракометар кој доаѓа од Дижон, а претходно настапувал и во Безансон, Белфорт и Мулхаус и беше најдобар стрелец на Про лигата, односно втората француска лига.

Мане игра на позиција лев бек, но е исклучително корисен и како дефанзивен играч. По браќата Њокас, Мане е третиот француски ракометар во Металург и е седмото засилување за претстојната сезона. Покрај Мане, браќата Њокас и Рибеиро, Металург го засилија и пикерот Костадин Петров,  средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.