Сопственикот на Беса Транс, Беким Хаџиу, преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на жртвите од сообраќајката во која 45 граѓани ги загубија животите патувајќи во неговиот автобус.
-Господ да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Господ и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Господ никого да не тестира, напиша Хаџиу на Фејсбук.