Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, заврши во Кремљ по повеќе од пет часа.
Заедно со Путин, во руската делегација се и двајца негови советници, Кирил Димитриев и Јуриј Ушаков.
По средбата, Димитриев се огласи на социјалната мрежа „Икс“, каде што објави фотографија од средбата со стикер од гулаб со маслиново гранче, што симболизира мир.
Productive ️ pic.twitter.com/YlkqF0b7tr
— Kirill Dmitriev (@kadmitriev) December 2, 2025
„Продуктивно“, напиша тој, пренесе „ТАСС“.
По него, зборуваше и Јуриј Ушаков.
Тој рече дека засега не е изнајден компромис на мировниот план за решавање на ситуацијата во Украина.
„Сè уште не е пронајдена компромисна варијанта на мировниот план за Украина, но некои американски нацрти за мировно регулирање изгледаат повеќе-или-помалку прифатливи, но потребна е дискусија. Некои формулации што ни беа предложени не ни одговараат. Односно, работата ќе продолжи“, објасни Ушаков, во изјава што ја пренесоа руските медиуми.
Текстот По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции е превземен од МАКФАКС.























