Утрово беше извршена третата трансплантација на срце во државната клиника. Како што информираше министерот Венко Филипче, операцијата била успешна.
-Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа, а следните 48 часа се критични. На пациентката и посакувам побрзо опоравување, напиша Филипче на социјалните мрежи.
Операцијата ја правеа кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри.