Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека поради епидемиолошката состојба во државата и зголемувањето на бројот на новозаразени го одложуваат Конгресот закажан за 28-ми март.
-Еуфоријата на се уште актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за одложувањето на Вонредниот конгрес покажува колку е тој очаен и колку го интересира само сопствената функција. Христијан Мицкоски успеа да ги загуби изборите во Ново Село и покрај тоа што градоначалникот познат како Боро-Малборо беше фатен во шверц на цигари. Христијан Мицкоски успеа да ги загуби и локалните избори во Охрид, иако дури и Гордана Силјановска таму победи. Христијан Мицкоски успеа да ги загуби и Претседателските и Парламентарните избори во 2019 и 2020 година. Христијан Мицкоски избега од изборно соочување во Штип и избега од заземање на став по однос на референдумот. Мицкоски овие четири години стана синоним за пораз. Очекувано е човек кој доживеал целосен дебакл да се радува само затоа што се одложило неговото заминување од функцијата, велат од Иницијативниот одбор.
Од таму воедно додаваат дека навремено ќе ги информира делегатите и јавноста за сите идни чекори.