Вчера на игралиштето за мал фудбал на ФК „Партизан Фудбал кидс“ во населба Драчево се одржа осмиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Сашо Оцевски- Мешко“, во чест на поранешниот фудбалер и медиумски работник Сашо Оцевски.

Овој традиционален меморијален фудбалски турнир се одржува по повод роденденот на Сашо, а е организиран од неговото семејство и пријателите.

Годинава на турнирот беше одигран само еден ревијален натпревар меѓу екипите на ССК 83-84 и „Коперникова“ Победата отиде кај тимот на фудбалската екипа од улица Коперникова.

Саше Оцевски беше поранешен фудбалер, медиумски работник и голем заљубеник во спортот, но пред се, прекрасен човек.