Премиерката на Шкотска, Никола Старџен изјави дека ќе истрае во плановите за одржување нов референдум за независност на Шкотска, откако резултатите покажаа дека нејзината партија ќе победи на парламентарните избори. Лидерот на ирската партија Шин Фејн, Мери Лу Мекдоналд, рече дека тие „внимателно следат што ќе се случи во Шкотска“.

Advertisements

Резултатите од изборите покажуваат дека Шкотската национална партија, заедно со Шкотската зелена партија, ќе има значително мнозинство пратеници кои се за независност, објави Ројтерс, пренесува Танјуг.

Според резултатите кои сè уште не се конечни, Шкотската национална партија (СНП) и Шкотската зелена партија, кои ветија референдум за независност, доколку победат би освоиле 65 пратенички места во парламентот со вкупно 129 пратеници.

Прикажи повеќе