Првиот вицепремиер Артан Груби денеска ќе биде во работна посета на Тирана, Албанија. Како што информираат од неговиот кабинет, Груби ќе оствари средби со државниот врв на Албанија и лидерите на политичките партии, но и со општествени дејци, а теми на разговорите ќе бидат билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата, но и процесот на попис во Македонија.

Од неговиот кабинет најавуваат дека Груби, исто така, на тема попис, неделава ќе оствари и посебни средби со претставниците на сите етнички заедници во земјава.