Откао Европската агенција за лекови вчера го соопшти својот став за вакцината АстраЗенека, во која се вели дека анализите покажале дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта, но сепак тоа е многу мал процент, министерот Венко Филипче вели дека со имунилозите го разгледале ставот. Одлучено е во нашата земја АстраЗенека да не се дава на помлади од 60 години.
-Утрово го разгледувавме ставот на бордот на ЕМА во врска со Астра Зенека. После евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе, бордот на ЕМА излезе со две препораки: првата е дека тие несакани ефекти треба да влезат во упатството и второ дека секоја држава треба да заземе став како ќе се користи вакцината. Согласно тоа, по утринските консултации, донесовме став вакцината на Астра Зенека да не се дава на помлади лица од 60 години во нашата земја, изјави Филипче.