Шетачот на кучињата на Лејди Гага за прв пат проговори за несреќата што се случи минатата недела, пренесува „Би-Би-Си“.

Рајан Фишер кој бил задолжен за шетање на кучињата на Лејди Гага, минатата недела беше застрелан четири пати, а  напаѓачите ги украле Коџи и Густав – двата француски булдози на пејачката. Третиот булдог, Мис Азија, успеал да побегне.

Фишер вчера се огласи на својот инстаграм-профил од болницата каде закрепнува по повредата, велејќи дека Мис Азија била неговиот „ангел чувар“.

Се смирив кога ја погледнав, и набргу сфатив дека крвта која се лееше околу нејзиното мало тело беше моја“, напиша тој во описот на фотографијата.

Ја гушнав Азија колку што можев, ѝ се заблагодарив за сите неверојатни авантури низ кои сме поминале заедно, ѝ се извинив што не можев да ги одбранам нејзините браќа и потоа решив дека сепак ќе се обидам да ги спасам, нив и себеси“, додаде Рајан, зборувајќи за третото куче на Гага, кое успеало да им избега на напаѓачите.

Двете кучиња на Лејди Гага беа вратени во петокот вечерта, откако една жена ги донела во полициската станица во Лос Анџелес. Властите соопштија дека жената ги пронашла кучињата и дека не била вклучена во инцидентот. Полицијата допрва треба да ги идентификува осомничените лица.

Засега не е познато дали Лејди Гага, која моментално снима филм во Рим, ќе ја награди жената со 500.000 американски долари како што првично објави на социјалните мрежи доколку некој ѝ ги најде кучињата.

Instagram
Instagram

Твојата поддршка како пријател, и покрај сопствената трауматска загуба, беше непоколеблива. Твоите бебиња се вратија и семејството е целосно!“, напиша Фишер означувајќи ја Лејди Гага во својата објава.

Тој напиша дека, иако неговиот живот „доби многу ненадеен пресврт“, тој е среќен дека кучињата се безбедни и се надева дека криминалците ќе бидат пронајдени.

Застрелан шетачот на кучињата на Лејди Гага

Украдените кучиња на Лејди Гага се пронајдени живи и здрави: Коџи и Густав повторно во прегратките на пејачката