Откако претседателот на ЛДП Горан Милевски отворено застана против идејата за широка влада во која ќе биде и ВМРО-ДПМНЕ, уште еден коалиционен партнер на СДСМ, Демократски Сојуз на Павле Трајанов се изјасни за против. Како што велат од оваа партија, нова влада може да има само по изборите.
-Демократскиот сојуз цени дека нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ниту понудата е сериозна, ниту пак одговорот е искраен.
Ова расправа е “КОНГРЕСНА”, наспроти изборот на лидер на СДСМ и најавениот фракциски “Конгрес”на ВМРО-ДПМНЕ.
Поради сето ова, нaместо јалови расправии, сметаме дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата (посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализацијата, стабилноста на државата и економскиот развој, при што опозициските партии мора поодговорно да дејствуваат и да ги поддржат законските проекти сврзани со справување со последиците од здравствената криза и градење на единство околу националните и државни прашањ, велат од оваа партија.
Инаку, предлогот за широка влада го даде Зоран Заев во саботата во интервју за Слободен печат.