Ела Емхоф, 21-годишната ќерка на сопругот на потпретседателката на САД, Камала Харис, Доуг Емхоф, ја воодушеви јавноста на церемонијата на инаугурацијата во Вашингтон. А сега, Ела,  потпиша договор со познатата модна генција „IMG Models“.

Покрај Ела, раководството на реномираната модна агенција, ја прифати и Аманда Горман, 22-годишната поетеса, која успеа имаше свој настап на инаугурацијата во Вашингтон.

Ела Емхоф и Аманда Горман со потпишувањето на договорот, тие им се придружија на врвните модели на денешницата, како што се Џиџи Хадид и Карли Клос.

Instagram
Instagram

Веќе не се водиме според полот и конфекцискиот број“, изјави Иван Барт, претседателот на „IMG Models“ за „Њјурок Тајмс“.

Instagram
Instagram

На прашањето зошто на поќерката на американската потпретседателка ѝ понудија соработка, Барт одговори дека дека девојката поседува дрскост и зрачи со радост.

Бард додаде и дека кога ја видел 22-годишната Ела на инаугурацијата во капут со потпис на италијанскиот бренд „Miu Miu“, знаел дека девојката дека поседува модни афинитети.

Instagram
Instagram

Судејќи според нејзиниот инстаграм-профил, Емхоф покажува јасен афинитет кон облеката и модата воопшто. Таа е дипломиран студент на престижната школа за дизајн „Parsons“ и студира ликовна уметност со фокус на текстил.

Instagram
Instagram

Во последниве години, според „Њјујорк Тајмс“, таа повремено се впушта во светот на модата и пред договорот со агенцијата.

Како некој кој, како и многу млади девојќи во светот, имал проблеми со самодоверба, овој свет кој е хипер-фокусиран на вас и на вашиот физички изглед е застрашувачки“, вели новата надеж на „IMG Models“, ветувајќи дека ќе биде диде дел од толку потребната промена во модната индустрија.