Иако во последните години ретко се појавуваше во јавноста, особено откако ослабе и изгледа подобро од кога било, британската пејачка Адел реши да сподели неколку нови фотографии со своите верни обожаватели на својот инстаграм-профил каде ја следат повеќе од 39,2 милиони…
Од крајот на јануари, кога ја одбележа десетгодишнината од издавањето на нејзиниот албум „21“, Адел немаше објавено ништо на на социјалните мрежи.
До вчера, кога реши да сподели дури три нови фотографии со своите обожаватели со цел да го одбележи својот 33 роденден.
На првата, црно-бела фотографија, пејачката настрана и позира со пуштена коса и насмевка, а вниманието го привлекува тетоважата на Сатурн, направена во чест на нејзиниот син Ангел.
На другата фотографија таа е во морето и ги шири рацете во воздухот, облечена во шарен костим за капење со долги ракави, додека погледот го крие зад очилата за сонце.
Но, за многумина најпозитивна и најомилена е третата фотографија на која Адел танцува. Фотографијата изгледа како да е направена сосема случајно. Трите фотографии собраа повеќе милиони лајкови, а честитките се нижат и во текот на денешниот ден.