Талентираниот фудбалер на Барселона, Ансу Фати (18) конечно би можел да се врати на теренот.

По осум месеци пауза и четири операции на коленото, закрепнувањето на Фати конечно оди добро и се очекува да биде подготвен за еден месец.

Според шпанските медиуми, овој 18-годишен офанзивен играч влегол во последната фаза на опоравување од тешката повреда. Напредокот е одличен и Барселона ќе може да смета на него кон средината на септември.

Ансу Фати дебитираше за каталонскиот клуб на 16 години и го воодушеви фудбалскиот свет со своите игри, но повредата минатата сезона го остави надвор од терените со месеци, а коленото не можеше целосно да се опорави.

На крајот, мораше да оди под нож четири пати и конечно закрепнувањето започна во вистинската насока и Фати наскоро ќе се врати на теренот.

Младата sвезда на Барселона во дресот на каталонскиот тим одигра вкупно 43 натпревари и постигна 13 голови.