Министерот за правда, Бојан Маричиќ го повлече списокот за помилувања, кои секоја година пред Нова Година ги прави претседателот на државата, како едно од неговите овластувања според уставот. На тој список се најдоа Сеад Кочан, бизнисмен осуден за местење тендери, потоа Бобан Илиќ, кој го усмрти со автомобил 4-годшниот Алмир, како и Александар Василевски-Нинџа, осуден за настаните од 27 април 2017-та.