Eдна од најголемите фабрики за челик во Европа „Азовстал“ во Мариупол е тешко оштетена во бомбардирање, соопштија денеска украинските власти.
„Уништена е една од најголемите челичарници во Европа. Економските загуби за Украина се огромни”, изјави пратеничката Лесија Василенко.
Друг пратеник, Серхи Тарута, на својата Фејсбук страница напиша дека руските сили кои го држат Мариупол под опсада „речиси ја уништиле фабриката”.