Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре (четврток 1 април 2021 г.) ќе престојува во работна посета на Хрватска.
Вицепремиерот Димитров ќе биде примен од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Горан Грлиќ- Радман.
На средбите Димитров ќе разговара во контекст на зацврстување на хрватската поддршка за процесот на проширување на ЕУ на Западен Балкан, по вложените напори за време на хрватското претседателство кога Северна Македонија ја доби одлуката за почеток на пристапните преговори.
Ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на традиционално блиската билатерална соработка за успешно спроведување на европските реформи и конкретната поддршка на Секретаријатот за европски прашања во таа насока.