Вршителот на должноста премиер на Хаити, Клод Џозеф, денеска прогласи состојба на опсада во земјата, по убиството на претседателот Жовенел Мои0з.

Џозеф рече дека не сака нацијата да „падне во хаос“ по атентатот врз претседателот, пренесува Си-Ен-Ен, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека одлуката за прогласување состојба на опсада е донесена на вонредна седница на Советот на министри.

Според законот на Хаити, постојат три нивоа на вонредна состојба – вонредната состојба е најниско, проследено со состојба на опсада, а највисоко ниво е „воена состојба“.

Државата под опсада значи дека сите граници се затворени, како и дека воена состојба е привремено воведена, а хаитската армија и националната полиција на Хаити имаат овластување да го спроведуваат законот.

Џозеф ги повика граѓаните да бидат спокојни и вети дека ќе ја изведат правдата пред оние кои се вклучени во атентатот врз претседателот.

Претседателот на Хаити, Жовенел Моис, беше убиен од неидентификувани напаѓачи во неговата резиденција во текот на ноќта со нехуман и варварски чин, а сопругата на претседателот беше повредена а потоа и таа подлегна на повредите, рече Џозеф денес.