Откако пред неколку дена првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека е разочаран од несолидарноста на ЕУ во распределбата на вакцините, слична изјава и премиерот Зоран Заев. Имено, тој во интервју за „Ворт“, весник во Луксембург, каде е во посета, освен за односите со Бугарија беше запрашан и за вакцините.

Заев со одговор.

-Би бил нечесен ако не признаам дека ЕУ нѐ разочара со набавката на вакцини за корона. Но, ни рекоа дека во овој момент е невозможно за Унијата да ги сподели вакцините, вели премиерот.

Тој се заблагодарува сепак за помошта на ЕУ во делот на заемите.

-Но, да, можевме да сметаме на српската солидарност и сега исто така нарачавме дози од Кина и Русија, вели Зоран Заев.

Премиерот е во посета на Луксембург каде лобира за поддршка за формалното отворање на преговори со ЕУ и надминување на ветото на Бугарија.