Лидерот на СДСМ Зоран Заев имаше средба со претседателот на ДПА Мендух Тачи со кој се договорија за соработка на локалните избори кои треба да се одржат во октомври.
-СДСМ и ДПА реципрочно ќе соработуваат и ќе се поддржат во повеќе општини, со цел за граѓаните да ги обезбедиме најдобрите градоначалници и советници на кои служењето на народот им се главна цел и определба.
Во некои општини соработката ќе ја реализираме во прв круг, а во други општини во втор круг. СДСМ продолжува ја гради и развива најголемата и најдобра коалиција за локалните избори во октомври, порача Заев.
Пред неколку дена ист договор постигнаа Заев и Ахмети, а според најавите лидерот на СДСМ ќе се сретне и со Биљал Касами, лидер на БЕСА на иста тема.