Со 20 гласа „за“, денес Советот на Општина Гостивар усвои одлуказа за доделување 6.000 денари за новороденчињата во Гостивар.
Оваа одлука на Советот на Општина Гостивар е по предлог на градоначалникот, Валбон Лимани, кој лично ја предложи на последната седница на Советот, а ја најави неколку дена порано.
Од Општината сметаат дека оваа финансиска поддршка за семејствата со новороденчиња може да ги олесни почетните трошоци и ја покажува посветеноста на Општината кон социјалната политика и семејствата.