Двете холивудски ѕвезди последен пат глумеа заедно пред 27 години, кога и двајцата се согласија на сите барања на Квентин Тарантино во „Pulp Fiction“, а сега повторно ќе бидат заедно во филмот „Paradise City“, кој започнува со снимање овој понеделник.

Сè е подготвено да се започне со снимање на Хаваите, каде двајца познати актери, Џин Траволта и Брус Вилис, ќе снимаат нов филм заедно по 27 години. На нив ќе им се придружи и тајландската актерка Праја Лундберг.

epa-efe
EPA/HANNIBAL HANSCHKE

Патем, двајцата актери работеле заедно четири пати, но ова е втор пат да бидат заедно на филм. Покрај „Pulp Fiction“, тие работеа заедно во 1989 година на „Look Who’s Talking“ и една година подоцна на „Look Who’s Talking 2“, но во тие филмови Брус Вилис само му го позајми гласот на бебето Мајки, чиј татко го глумеше Траволта.

Во своето последно интервју, Џон Траволта се осврна на неговата кариера во Холивуд, која трае со децении.

epa-efe
EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Може да се каже дека славата ме подготви за тоа што ќе донесе 2020 година. Кога сте познати и славни, вие всушност живеете во таков некаков пластичен балон, затворени како школка. Не можете едноставно да оставите сè и да уживате во нормален ден. Славата ме подготви за овие моменти во кои живееме“, истакна тој.